Партијата на Вучиќ и натаму доминира во Србија

Српската народна партија (СНС) и натаму убедливо доминираат на политиката сцена во Србија, а кога оваа седмица би се одржале парламентарните избори партијата на шефот на државата Александар Вучиќ би победла со повеќе од просто мнозинство, покажува најновото истражување на јавното мнение објавено во петокот во Белград.

Доколку оваа недела се одржат парламентарни избори, СНС со излесноз од 45 отсто од вкупното гласачко тело би освоила 55,3 отсто од гласовите, а изборниот праг би го минале само нејзините коалициска партнери од Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ со 9,4 отсто поддршка, додека партиите од опозицијата поединечно би можеле да сметаат на околу 3,5 отсто, покажуваат податоците од анкетата на агенцијата „Фактор плус“.

Така Демократската партија (ДС) би освоила 3,6 отсто, Народната партија (НС) 3,5 отсто, Партијата на обединетите пензионери на Србија 3,3 отсто, а координациското движење Двери околу 3 отсто.

Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ би освоила 2,7 отсто од гласовите, Социјалдемократската партија на Србија 2,5, Српската народна партија 1,7 отсто, а Движењето на слободни граѓани 1.6 и Демократскта партија на Србија би добила 1,3 отсто од гласовите.

Истражувањето е спроведено во периодот од 1-ви до 7-ми јуни на територијата на централна Србија на примерок од 1.200 испитаници.