
Ловечкиот испит нема да биде само во Скопје. Ќе се полага и во внатрешноса на државата во местата од каде потекнуваат кандидатите за ловџии. Вака истакна минситерот за земјоделство Лупче Николовски кој на членовите на ловните друштва од струмичко им соопшти дека постапката е поедноставена и олеснета во функција на развој на ловството во Македонија.
До крајот на летото, овозможуваме за 2000 апликанти кои во претходните години аплицираа, а не беше возможно полагање на ловечкиот испит. Сега ќе се полага во два дела во ист ден и со помали трошоци, вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Цели две години беше закочен процесто на полагање ловечки испит и потегот на министерството го поздравија членовите на ловните друштва. Тие сметаат дека државата треба да даде поголем фокус на ова гранка бидејки во Европа македонското ловство е последно, без многу инвестиции во делот на ловниот туризам.
Ловството е најниска стапка и сме последни во Европа, вели Марјан Даскаловски, ЛД „Беласица“.
Од министерството за земјоделство информираа дека годинавва буџеот за ловството е седумпати поголем од лани а догодина средствата ќе бидат уште поголеми со пдоршна на ЕУ. Тоа се прави се со цел Македонија да стане препознатлива по организирано ловство и развиен ловен туризам .