Неопходно издавање на лиценци на приватни болници за трансплатација на органи

Од три приватни болници во земјата, две ги исполнуваат условите за трансплантација на органи а во една нема кадар за вакви интервенции. Министерот за здравство најави дека наскоро ќе го објават огласот за додедување на лиценци во приватниот здравствен сектор за пресадување на црн дроб, срце, панкреас и бубрези. Филипче не открива кои установи ќе ги добијат дозволите, но вели дека тоа ќе биде голема заштеда за фондовскиот буџет како и олеснување за пациентите.

Наши доктори од клиниките со експерти од странство во установи кои имаат услови за тоа ќе прават трансплантацции, листите ќе бидат под МЗ и ние точно ќе знаеме кој пациент за кој орган е кандидат, вели Венко Филипче, министер за здравство

Во јавното здравство сега има само трансплантација на бубрези и коскена срцевина а подолго време во застој е пресадувањето на органи од кадавер. Националниот координатор за трансплантација треба да ги откочи работите а од вчера на таа функција е назначена Маја Мојсова, која е раководител на КАРИЛ. За и Македонија да го најде своето место на глобалната карта, експертите со став дека мора уште многу да се направи.

Ние 18 години правиме трансплантација на коскена срцевина од сроден дарител и не дозволуваме да има застој, но, пак ќе кажам се уште има пациенти и тоа околу 20 со малигни хематолошки заболувања во странство.Мора работите да се подобрат, вели проф. Др. Борче Георгиевски од Клиника за Хематологија

Професори од групацијата Аџибадем од Турција ги запознаа нивните македонски колеги со нивните дострели на полето на трансплантација и колку тие техники можат да бидат применливи и кај нас.

Согласно статистиките, само 30 отсто од пациентите на кои им е потребна трансплантација имаат блиску поврзани донори (брат, сестра), додека 70 отсто немаат блиску поврзани донори. Значи, за овие пациенти, изборите се – да имаат неповрзан донор, од националната или нтернационалната банка на донори или да се потпрат на високата технологија, изјави проф. д-р Сирет Ратип, од болницата Аџибадем Алтунизаде, Турција.

Во болниците на Аџибадем во Турција имало и македонски пациенти на кои им правеле трансплантација на црн дроб. На симпозиумот во организација на Аџибадем Систина, покрај наши лекари предавањата ги слушаа и доктори од соседството.