Жител на село Логоварди изгоре во пожар

Д.Г. (52) од село Логоварди, Битолско, утрово го загубил животот откако во неговата куќа избувнал пожар.

Како што соошти МВР, од пожарот што избувнал во 05:40 часот целосно изгорела и куќата.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожарната единица, а увид се врши денеска.