Во Кабул 12 загинати во бомбашки напад

Исламската држава презеде одговорност за денешниот терористички напад пред влезот во Министерството за рурален развој во Кабул, главниот град на Авганистан, кога бомбаш-самоубиец уби 12 лица.

Ова го објави новинската агенција на Исламска држава, „Амак“, објави Ројтерс.

АП прецизира, повикувајќи се на авганистански официјален претставник, дека 31 лице се повредени во нападот.

Меѓу жртвите се жени, деца и вработени во Министерството за реконструкција и развој,рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш.

Талибанските милитанти вчера неочекувано објавија тридневна примирје по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрамна крајот од оваа недела.