Изрешетана куќа во Љубин

Непознати пиштолџии изрешетале куќа во скопското село Љубин, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 1.30 часот. Тогаш непознато лице со автомобил „јагуар“ без регистарски ознаки, од пиштол испукалo неколку куршуми во правец на куќата на М.С.(63).
Повредени лица нема.

Извршен е увид на местото на настанот, при што биле пронајдени четири чаури, а од страна на полициски службеници, наведеното возило било пронајдено кај автоперална во село Љубин.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.