Двајца полициски службеници од Штип, на почетокот на годинава му нанеле тешки телесни повреди на лице кое по грешка било осомничено за кражба во трафика.
Се работи за полицајци на возраст од 33 и 40 години, вработени во полициската станица од општа недлежнпст во Штип. Притив нив била поднесена кривична пријава за мачење, нечовечко и понижувачко однесување.
Имено, полицијата тефонски била алармирана од граѓанин дека во трафиката „Лајф пром“ се случува разбоијништво од маскирао машко лице. Разбојнкот со дрвена рачка од алат ја удрил вработената по глава. Откако таа почнала да повикува помош, разбојникот се откажал од намерата и избегал од трафиката.Полицијата набргу стигнала, а вработената заради здобиените повреди била пренесена во болница.
„На улицата Иво Лола Рибар е пронајден предметот со што е извршено кривичното дело и според описот добиен од оштетената како можен сторител е осомниченото лице од Штип. Тој е пронајден во клубот„Сенатор“, но, по извршените проверки во клубот добиле информации дека наведеното лице не е сторител на кражбата. Телеонски за тоа е известен сменоводителот кој наредил лицето да не се приведува до слдните инструкции. Во меѓувреме пристигнале двајцата пријавени полициски службеници кои го турнале лицето на земја и употребиле физичка сила. Почнале да го удираат со клоци и тупаници во пределот на телото и главата“, објасни министерката за Внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Физичкото насилство го пријавиле други полициски службеници кои пристигнале на местото на настанот и двајцата осомничени полицајци за малтретирање и нечовечко однесување, биле спроведени во полициска станица.
Кривична пријава добиле и други тројца полициски службеници, поради несовесно извршување на службената должност, односно поради нецелосни проверки овозможиле бугарска државјанка, која го пречекорила дозволениот престој во земјава, непречено, неколкупати да ја минува границата. Таа во Македонија работела како танчарка.
„Во повеќе наврати полициските службеници биле должни да извршат целосно проверки и на бугарската државјанка да не и’ дозволат влез и излез во земјава. Требало да ја задржат и да ја предадат на секторот за странци“, истакна Јанкуловска.
Иговор на полицајците за непрофесионало извршената работа бил дека поради големата фреквенција на граничниот премин не биле во можност да вршат проверки на секој странски државјаин.