Tелефонскиот разговор на Заев со Ципрас заврши

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас попладнево го завршија предвидениот телефонски разговор.

Од Владата на Р.М најавија прес-конференција за 18:30 часот на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во 18 часот ќе го информира грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за договорот за спорот со името.