
Што крие премиерот Зоран Заев, се прашува македонската јавност откако во грчките медиуми се појави договорот за промена на името на Република Македонија, кој во вторникот го постигнале Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
За македонската јавност договорот е сокриен како класифициран документ, а грчката јавност веќе го доби на увид.
Во средата попладне грчкиот весник Катимерини го објави договорот меѓу Македонија и Грција. Договорот има 19 страници. Неговата содржина можете да го прочитате ТУКА.