
Голема бура со обилни дождови ја зафати вчера Италија, а дождовите ги поплавија улиците и посебно подвозниците каде што лесно можеше да има и човечки жртви.
Еден од најпогодените градови беше Анкона – град кој што се наоѓа на брегот на Јадранското море.
Снимките кои што се појавија на интернет ја покажуваат драматичната акција од спасувањето на две жени од потопениот автомобил кој што остана заробен под подвозникот. Тие не можеле да поминат поради калта и водата која што го поплавила подвозникот за многу кратко време.
Италијанските медиуми пренесуваат дека нивниот автомобил веднаш се наполнил со вода, па жените најверојатно ќе се удавеле доколку не пристигнеле полицајците и не интервенирале навреме.
Полицајците ги искршиле прозорците од автомобилот и успеале да ги извлечат жените на безбедно.