
Силно невреме го зафати Прилеп каде по кратко време градот е целосно под вода. Отежнат е сообраќајот за возилата како и за пешаците.За попладнево е најавено повторно големо невреме.
Циколонот Силвија беснее уште од утринава во повеќе делови од Македонија кои беа зафатени од обилни врнежи од дожд, а се очекува нестабилно време за време на викендов што претстои.
Врнежите од дожд во изминатите два дена предизвикаа незначително зголемување на водостојот на реките во државата и не е забележано излевање на водата од нивните корита.
Од Управата за хидрометеоролошки работи не очекуваат излевање кај поголемите реки, додека кај помалите реки и суводолиците можно е брзо зголемување на водостојот доколку врнежите бидат поинтензивни, дури можни се и локални излевања при силни интензивни врнежи.