
Во првата средба од Групата Б на Светското фудбалско првенство во Санкт Петербур Иран го совлада со 1:0 (0:0) со автоголот Азиз Буадуз во петтата минута од судиското продолжение.
Во протпосечниот натпревар во кој селекциите повеќе беа ориентирани да не примат погодок, особено во второто полувреме, Иранците со многу среќа дојдоа до победата, со автоголот на играчот на германскиот второлигаш Сент Паули, Бухадуз, во последните секунди од мечот.
Иако Мароко повеќе го напаѓаше противничкиот гол во текот на дуелот, сепак најдобрата шанса на дуелот не ја реализираше Иранецот Азмун.