9.8 C
Skopje
вторник, декември 10, 2024

Како да изгледате послаби во костим за капење?

Пет минути пред поаѓање на годишен одмор и немате време за никаква диета, како да изгледат повитки во бикини.

Фит советникот Кендис Драпер ги советува девојките кои купуваат бикини како да изгледаат повитки во нив. Таа вели дека главно прашање на најголем број девојки е како да не изгледам дебела во бикини.

Еве ги советите на Кендис.

Прво, објаснува таа, употребете крема за самопотемнување зашто визуелно темниот тен на кожата ќе ве направи повитки.

Второ, нанесете антицелулитна крема, која ќе го затегне телото. Кремата нанесете ја на стомакот, задникот и на колковите.

Појадувајте лесен појадок полн со протеини за да ве држи сити во текот на денот.

Доколку одите на коктел забава држете се понастрана од апетисаните и слатките зашто тие ќе направат да се чувствувате потромо.

Наметката која ја носите врз бикините е многу важна. Одберете убава и подолга за да се чувствувате пријатно, како во убав фустан.