(ВИДЕО и ФОТО) Мистериозно суштество снимено на езеро во Кина

Службеник во паркот на езерото Канас „уловил“ со камерата суштество, според димензиите слично на познатото чудовиште од шкотски Лох Нес, пишува британски Daily Mail.

Авторот на видеото направено во петокот Ван Ксинан е убеден дека видел страшен монструм, чиј дел се покажал над езерската површина.

„Не мислам дека тоа беа бранови, бидејќи тие се движеа спротивно од езерската струја“, изјавил тој за репортерите.

Сун Цзидан, директот на центарот за дивиот свет на езерото Канас, претпоставува дека на видеото е снимено едно од поголемите водни животни кои се наоѓаат во езерото.

Претходно во мај неколку туристи тврдеа дека тие, исто така, го виделе монструмот од езерото Канас, кој бавно се движел под водата.

Јанг Веичианг, службеник во националниот парк, вели за ресурсот Pear Video дека ова е првото „гледање“ на чудовиштето во 2018 година. Инаку тврдењата за монструмот од Канас започнаа во 1980-те години, а езерото од тогаш е посетувано од туристи кои сакаат да го снимат легендарниот ѕвер.

Во 2012 година, службеник на паркот, исто така, направил слични снимки кои покажуваат големи бранови кои се појавуваат на површината на езерото. „Ги споредив со големина предизвикана од брз брод и дива патка, големината на мистериозниот објект кој ги предизвикал треба да биде меѓу двете“, изјави Ванг Хонгјао за кинеската централна телевизија.

Јуан Гуајин, истражувач во Центарот за заштита на животната средина на покраината Ксенцианг, верува дека чудовиштето од Канас е всушност група сибирски гигантски пастрмки.

„Сигурен сум дека станува збор за сибирски гигантски пастрмки. Имајќи го предвид живеалиштето и брановите, постои само еден ваков вид риба кој би можел да живее во езерото, а тоа е сибирската гигантска пастрмка“, изјави Јуан за CCTV.

Појаснува дека тоа што било забележано под водата е тоа што овој вид пастрмки ги ловат помалите риби кои пливаат во близина на површината на водата за да ги избегнат пастрмките. Сепак, вели дека сите тврдења доправ треба да се потврдат.

Очевидците тврдат дека сенката којашто ја виделе под површината на езерото била долга околу десетина метри. Сибирската гигантска пастрма, сепак, моќе да порасне само до два метра во должина.