Мицкоски: Станете Македонци, чувајте го тој пркос и непокор всаден во духот на секој Македонец

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук им порача на сите граѓани на Република Македонија да станат, бидејќи сега е времето кога се испишува историјата.

„Стани Македонијо!

Станете Македонци, граѓани на оваа земја, сега е времето кое пишува историја. Стани Македонијо, со верба, со чест и достоинство.
Твоето име нека се слуша громогласно, и силно. Сега секој еден од вас е потребен, ова е часот, ова е тоа време. Стани Македонија од секој град и село, од секое маало и улица со сета своја сила и убавина. Ние сме тука за тебе.
Запаметете го тоа, и чувајте го тој пркос и непокор всаден во духот на секој Македонец.
Македонија нема друг избор освен победа. Македонија била и ќе биде!Македонија ќе победи!“, вели Мицкоски во видеото објавено на Фејсбук.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/10156684391264260/?t=3