
Скопјанец починал по преголема возбуда откако ја спасил внуката да не ја прегази автобус, вчера во скопската населба Шутка, информираше МВР.
Според полицијата, трагедијата се случила околу 16 часот на улицата Индира Ганди. Додека К.Н. (55) продавал на тезга, забележал дека возач на приватен автобус се движел кон тезгата и од непозната причина не можел да го сопре автобусот.
Возилото не сопрело, па удрило во тезгата, но К.Н. успеал да ја оттргне внуката од местото за не бидат повредени. Веднаш потоа од преголема возбуда на К.Н. му се слошило и паднал во бесознание. Тој со друго возило бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.
Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.