Претседателот на политичката партија Сојузот на Ромите од Македонија (СРМ), Амди Бајрам, денеска од собраниската говорница порача дека дава гаранција од 72 до 75 отсто оти референдумот за промена на името ќе биде успешен.
Во своето обраќање тој додаде и дека во Македонија не постојат само Македонци, Турци и Албанци, туку и Босанци и Роми.
Секогаш кога се зборува, треба да се спомнат и Ромите. Ова на сите да ви биде лекција, а јас и Ромите во Република Македонија сме ѝ лојални на својата држава, поддржуваме. Ќе гласаме ‘за’, ги повикувам и сите ромски партии да дадат поддршка. Ги повикувам на референдум сите Роми во Македонија и сите Роми ќе ја дадеме поддршката, изјави Бајрам.