Спасовски сака да „ги испере“ полицајците од солзавецот

Министерот за внатрешни работи ги отфрли како неосновани обвинувањата за употреба на прекумерна сила од страна на полицијата за време на протестите за името во неделата, а полицијата постапила „по книга“.

Според него, тактичка проценка била употребата на солзавецот и шок бомбите.

Можам да кажам дека тие постапиле правилно, таа постапка е како по книга. Тука, апсолутно полицајците имаат поддршка. Апелирам до граѓаните секој еден којшто сака да го изрази својот револт може да протестира и да протестира мирно. Меѓутоа, никако не смееме да дозволиме да имаме напад на полицајците, заради тоа што е напад на државата, ниту пак да дозволиме напад на некои од институциите и да ни се повтори нов 27 април, тоа во ниту еден момент нема да го дозволиме ние како МВР, изјави Спасовски.