
Од 19 до 2 часот по полноќ, сообраќајот околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе биде пренасочен: на булеварот Партизански одреди – на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт кај „Симпо“ до крстосницата со булеварот ВМРО и зградата на Македонска пошта, како и на булеварот Климент Охридски – од крстосницата со булеварот Илинден кај Владата до крстосницата со улицата Димитрија Чуповски кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“.
Поради големата посетеност на верските објекти, вечер ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција.