Трамп потпиша извршна уредба за имигрантските семејства 

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која на имигрантските семејства кои илегално ја преминуваат јужната граница на САД им се овозможува да останат заедно додека го чекаат исходот од имигрантската постапка.

Обраќајќи се во Белата куќа, Трамп рече дека ќе ја продолжи политиката на нулта толеранција која подразбира кривично гонење на сите возрасни лица кои илегално ја преминуваат границата.

Целта на уредбата е семејствата да останат заедно додека истовремено обезбедуваме многу силна граница, рече Трамп.

Трамп додаде дека не ја сака глетката кога децата се одвојуваат од своите семејства.