Реми на Данска и Австралија

Во дуелот од второто голо од Групата Ц на Светското фудбалско првенство во четвртокот напладне во руска Самара фудбалските селекции на Данска и Австралија ремизираа играјќи 1:1 (1:1).

Првата шанса на натпреварот беше реализирана, и тоа од страна на Данска. Се играше 7 минута кога Данците одиграа убава луцидна комбинација во австралискиот шеснаесетник по што Кристијан Ериксен со одличен удар ја затресе противничката мрежа. Првата шанса за Австралијците, пак, беше создадена во 30 минута кога Леги одлучни го послужи Крузе кој шутираше од 13 метри, но беше блокиран од данската одбрана. Австралија, сепак, израмни во 38 минута од пенал, кој беше досуден откако шпанскиот судија Лахоз беше предупреден од ВАР системот. По прегледувањето на снимката беше утврдено дека по изведениот корнер Леки шутираше со глава, а топката упатена кон австралискиот гол го погоди Јусуф Полсен. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше австралискиот капитен Миле Јединак кој нема промашено пенал за својата селекција.

Во второто полувреме, во 52 минута, Систо можеше повторно да ја доведе во водство Данска, но од изгледна ситуација шутираше крај голот. Истиот играч се закани и во 72 минута кога се обиде од 18 метри со пласиран удар да го погоди долниот лев агол, но беше за малку непрецизен. Во последните дваесет минути покажа повеќе желба и напаѓачки амбици, но не успеа да дојде до гол. Во 71 минута Арон Муи силно шутираше од работ на шеснаесетникот, но топката за пални мина над пречката. Во 88 минута данскиот голман Каспер Шмејкл двапат со одлични интервенции ја сочува својата мрежа. Прво одбрани шут на младиот резервист Арзани, а потоа го одбрани и ударот на Леки.

Данска сега има 4 бодови, следи Франција со 3 и меч помалку, Австралија има 2 бод, а Перу во 17 часот во Екатеринбург против „Триколорите“ ќе се обиде да ги задржи шансите уште вечерва да не се збогува со шампионатот.