
Полицијата фатила деветмина мигранти, но шверцерот избегал, информираше МВР.
Утрово околу 1.30 часот на автопатот Штип- Скопје, кај место викано Канда, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на автомобил „алфа ромео“ без регистарски ознаки.
Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и избегал. Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.