
Лидерот на романската владејачка Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа е осуден на 3,5 години затвор за фиктивно вработување, што е удар врз неговата амбиција да стане главен актер на политичката сцена во земјата. 55 годишниот Драгнеа сепак нема да биде затворен се додека трае жалбената постапка.
Тој тврди дека не е виновен. Пресудата доаѓа во време на длабоки тензии меѓу владејачкото мнозинство и романското правосудство за кое властите велат дека создава паралелна држава и „измислува случаи“ против политичарите. Драгнеа кој е и претседател на Долниот дом на парламентот е прогласен за виновен затоа што двајца работници во еден центар за заштита на деца ги „поттикнал“ да работат за локалниот огранок на партијата.