![Argentina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/Argentina-1.jpg?resize=640%2C380&ssl=1)
Аргентина е се уште во шок по катастрофата на нивната фудбалска репрезентација, која е пред испаѓање од Мундијалот во Русија, откако вчера загубија од Хрватска со 3:0.
Големото незадоволство од играта на „гаучосите“ покажаа самите навивачи на стадионот кои плукаа кон своите „миленици“, а не помалку гневни се и тие што пред ТВ екраните ја следеа бламажата на Аргентина.
Медиумите и пред Светското првенство го критикуваа селекторот Хорхе Сампаоли, поради начинот на кој раководи со репрезентацијата, а врв е вшерашната емисија на една од телевизиите во оваа јужноамериканска држава.
https://twitter.com/twitter/statuses/1010066085469671425
По поразот новинарите и гостите во емисијата со една минута молчење буквално ја погребаа репрезентацијата и без зборови кажаа што мислат за нивниот настап на Мундијалот.