На 18 мај, Швајцарците на референдум ќе се изјаснуваат за минимална плата од 4000 евра месечно или 22 франка по час.
90 отсто од работниците во оваа земја заработуваат по 4.000 евра месечно, иако немаат законски определен износ на минимална плата.
Дел од компаниите во земјата сметаат дека ваква одлука може да нанесе штета на стопанството, па се претпоставува дека голем број од работниците ќе ги подржат работодавачите иако имаат загарантирано право на референдумско изјаснување.
Исто така, во 2012 година работниците застанаа на страната на работодавачите и не ја изгласана одлуката за шест неделен платен одмор.