![sdsm-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/sdsm-2-4.jpg?resize=604%2C272&ssl=1)
Владејачката СДСМ во неделата со соопштение го осуди а нападот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
„Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот“ – велат меѓудругото во соопштението.
До реакцијата на владеачката партија дојде откако, по синоќешниот протест против промена на името, со црвена боја било фрлано кон зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ потенцираат дека „ВМРО-ДПМНЕ мора конечно да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби, да покаже елементарна политичка одговорност и во интерес на граѓните да се одлучи за македонската иднина“.