
Ракометарите на Македонија денеска во Копенхаген добија тешка група за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска.
„Црвено жолтите“ за противници ги добија репрезентациите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија. Пласманот во следната фаза ќе обезбедат првопласираните три селекциии од секоја група.
Македонија по победата во бараж-двомечот со селекцијата на Романија, го обезбеди своето шесто учество на Мундијалите и четврто по ред, а во пресрет на извлекувањето нашата селекција беше сместена во третиот шешир, заедно со домаќинот Германија и селекциите на Катар и Австрија.
Група А
Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја
Група Б
Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија
Група Ц
Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија
Група Д
Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола