
Возач на бел фургон се забил во вторникот утрото во главната зграда на еден од најтиражните холандски дневни весници De Telegraaf во Амстердам, а полицијата верува дека тоа го сторил намерно објави весникот на својата веб страница.
„Сите работи укажуваат дека станува збор за напад… Но ние нема да дозволиме да не’ заплашат“, изјавил главниот уредник на De Telegraaf, Пол Јансен.
Транспортното возило ја пробило стаклената фасада околу 4 часот утрото, а по судирот фургонот се запалил. Во инцидентот нема настрадани, а возачот исчезнал од местото на настанот и по него се води потрага. Сепак, весникот не наведува дали полицијата ја разгледува верзијата за терористички напад.
Минатата седмица, како што се потсетува во објавата на De Telegraaf, од рачен ракетен фрлач била гаѓана редакција на магазинот Panorama. И во тој напад нема настрадани. Под сомневање за вмешаност за овој напад, беше уапсен 41-годишен маж.