![F73E64D3-8421-4575-89BA-A20292F9C321](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/F73E64D3-8421-4575-89BA-A20292F9C321.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Шпанија не ја оправда фаворитската улога и имаше среќа што го освои првото место во групата „Б“, смета шпанскиот селектор, Фернандо Иеро по ремито со Мароко 2:2.
Знаевме дека трите натпревари ќе бидат многу тешки. Но, ова не е начин. Ние не смееме да му дозволиме на противникот да има толку многу шанси и лесно да примаме голови. Ако сакаме да го оствариме нашиот сон, ќе мора да бидеме самокритични. Јасно ни е дека имаме простор за подобрување. Ние имаме квалитетни играчи, но ќе мора да се прилагодиме на тимовите кои што имаат предност на физички план и ни нанесуваат штета, изјави Иеро.
И еден од најдобрите шпански фудбалери Андрес Иниеста смета дека неговиот тим треба многу да ја подобри играта во осминафиналето против Русија.
Ја исполнивме првата задача, влеговме во плејофот, и од прво место ја дочекуваме следната фаза. Сега не очекуваат натпревари по кои нема поправен. Започнуваме да се подготвуваме за нив. Признавам дека имаме недостатоци во играта. Вклучувај и мене лично. Затоа е важно да се разбере дека во натпреварот со Русија мораме да играме подобро, да направиме уште еден чекор напред во однос на квалитетот на нашиот фудбал. Ова е Светското првенство. Лесните ривали не можат да бидат тука, нагласи Иниеста.
Шпанија и Русија во осминафиналето на Мундијалот ќе играат на 1 јули во Москва.