Бошњаковски: Одлуката на Иванов не влијае на спроведувањето на договорот за името со Грција

Непотпишувањето на Указот за Договорот со Грција од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов за Владата е очекувам потег, но тоа нема да влијае на неговата имплементација, стои во денешната владина реакција откако Иванов го врати Указот за Договорот за името без потпис.

„Одлуката на Иванов не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Грција веќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО“, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски за МИА.

Од Владата повторуваат дека волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти без разлика која форма ќе го има изјаснувањето на граѓаните.

Откако утрово претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов го извести Собранието дека нема да го потпише указот за договорот со Грција, владиниот портпарол, Миле Бошнаковски, рече дека одлуката на Иванов немало да влијае врз имплементацијата на договорот.

„Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите, односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Република Грција веќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, рекол Бошњаковски .

Од Владата повториле дека волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти без разлика која форма ќе го има изјаснувањето на граѓаните.

Претходно во понеделникот Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот на Законот за ратификација на конечната спогодба за надминување на спорот за името меѓу Македонија и Грција, што Собранието со само 69 гласови ја изгласа на 20-ти јуни, откако беше потпишана на 17-ти јуни во Преспа.

Според Иванов, договорот е спротивен на Кривичниот законик и за него може да се добие затворска казна од пет години.

Во писмото што тој го испратил до парламентот вели дека во извршувањето на својата функција секогаш постапувал одговорно и своите права и должности ги вршел врз основа на Уставот, законите и интересите на Република Македонија.

„Затоа, врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуиите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнертсто меѓу страните“, вели Иванов во дописот.

Во писмото Иванов наведува ги наведува и петте причини зошто одлучил да не го потпише указот.

Прво, дека немал мандат да го потпише затоа што во изборната програма од 2014 година навел дека нема да прифати промена на Уставот заради промена на уставното име и не прифаќал идеи што го загрозувале македонскиот национален идентитет, а поддршка за оваа политика му дале 534.910 гласачи.

Второ, според претседателот, спогодбата излегувала надвор од опфатот на резолуциите 817 и 845, затоа што во нив се зборувало за „разлика околу името на државата“, а не за „разлики“, како што стоело во спогодбата.

Трето и четврто, Иванов смета дека спогодбата не била ратификувана во согласност со уставот, однсоно со членовите 51, 118 и 119. Во членот 119 се вели дека меѓународните договори ги потпишува претседателот, а може да ги потпише и Владата ако тоа е определено со закон.

И петто, според Иванов, спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно спрема Република Грција, а за тоа, според членот 308 од Кривичниот законик, следувала казна затвор од најмалку пет години.

„Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело“, порачува Иванов на крајот од писмото.

Набрзо откако Претседателот Ѓорге го извести Собранието дека нема да го потпише Указот за Договорот со Грција, собранискиот претседател Талат Џафери изгласувањето на законот треба да го стави повторно на гласање на пленарна седница. Според некои медиумски најави, кои се повикуваат на собраниски извори, откако Џафери ќе ја разгледа одлуката што ја испратил Иванов и според планираните активности во парламентот и на пратениците ќе ја закаже седницата.

Според прописите, во рок од 30 дена од изгласувањето на законот за ратификација на договорот треба да се стави повторно на гласање на пленарна седница. Сепак, се најавува дека тоа ќе се случи до крајот на оваа или следната недела и дека претседателот на Собранието нема да го чека крајниот рок 20-ти јули.