
Грчкиот коалициски партнер, Независни Грци, денеска остана без уште еден пратеник, откако Јоргос Лазаридис го објави своето заминување од партијата, пренесува Катимерини.
Оставката на Лазаридис доаѓа неколку дена откако шефот на Независни Грци и министер за одбрана, Панос Каменос, го отстрани од партијата Димитрис Каменос, кој гласаше против интересите на владата за време на иницијативата за гласање недоверба, што ја поднесе опозициската Нова Демократија заради договорот за името со Македонија.
Развојот ја намалува парламентарната група на Независни Грци на само седум, а владиното мнозинство на 152 пратеници во парламентот со 300 пратенички места.
Ако Лазаридис не го отстапи своето место на друг член од Независни Грци и остане независен пратеник, парламентарното мнозинство на коалициската влада ќе се доближи до најниската граница од 151 пратеник.
Инаку, Димитрис Каменос изутрината за локалната телевизија Скај изјави дека коалицијата има намера да распише предвремени избори пред договорот за името со Македонија да биде ставен на гласање пред пратениците во парламентот.