
Шефовите на европските дипломатии денеска на министерскиот состанок во Луксембург си даваат „последна шанса“ да дојдат до компромис за старт на преговори со Македонија, информираат извори присутни на состанокот за МИА.
Франција и Холандија остануваат тврди и не попуштаат за датум за преговори.
Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напушти состанокот нарекувајќи ги дискусиите за Македонија „разочарувачки“.
Останатите земји членки се решени да ги убедат Париз и Хаг, но прашање е колку е можно да се омекнат овие две земји.