Тензии кај Бикот, Лавот да се ослободи од желбата за пари и моќ

ОВЕН

Кај вас се случуваат длабоки промени и можни се изненадувања. Ништо однадвор не е важно, освен рефлексијата на вашата вистинска внатрешност. Обидете се да не сте арогантни и горделиви и не се убедувајте дека целта ги оправдува средствата. Не барајте признанија денес.

БИК

Внатрешна тензија, недоверба или фрустрација во блиските врски. Не очекувајте премногу денес – ако ги повторувате старите работи, очекувајте да патите. Не гледајте во минатото за да не ја изгубите сегашноста. Можеби се соочувате со блокада, но сменете ја перспективата сега.

БЛИЗНАЦИ

Денес сте во можност да ги видите и најскриените страни од некое прашање и соочувајќи се со нив, ќе направите вистински потези. Знаете дека пред вас претстои работа, која ќе биде завршена со голема јаснотија и резон. Останувате цврсто втемелени во реалноста.

РАК

Иако се чувствувате блокирано, знајте дека сепак може да напредувате – потребно ви е трпение и чекање. Одбивате да бидете доминирани од страна на негативни емоции и искушенијата ги минувате со голема логика и резон. Заборавете на несовршеноста кај другите.

ЛАВ

Потребно е да внимавате на комуникацијата сега – ако нешто треба да се каже, не чекајте и сторете го тоа. Не им се предавате така лесно на искушенијата и се ослободувате од сѐ што ве кочи. Ослободување од опсесијата за пари и моќ, како и од стравот, слабоста и нерешителноста.

ДЕВИЦА

Месечината во Јарец ќе ви донесе поволни шанси – погледнете подлабоко во себе си во основата на вашето битие – тука ќе ги најдете своите најдлабоки потреби и моќни ресурси. Разиграни и спонтани, размислувате за важноста на личните врски во материјалните работи.

ВАГА

Денес ќе направите пауза за да се спремите подобро за скорешните настани. Можеби имате чувство дека сѐ е против вас, но таквото размислување нема да ви чини добро. Оставете нешто зад себе, за да најдете нешто сосема ново набрзо и повлечете граница во животот.

СКОРПИЈА

Успевате да ја надминете тагата и жалоста и продолжувате со животот прифаќајќи ги загубите. Сфатете ја вредноста на она што останало, а со што ќе дојдете до нова надеж и разбирање. Колку и да се лимитирани, пред вас сепак стојат избори, планови и амбиции. Резон.

 

СТРЕЛЕЦ

Не ја напуштајте работата среде реализација – со што и да се зафатите денес, може да очекувате убав развој на нештата. За сега нема да има брзи резултати, така што научете се да чекате. Времето е важен фактор во сѐ – како и во природата, така и во работата. Шпекулации.

ЈАРЕЦ

Пред вас се зазорува ново утро – Месечината во вашиот знак ги забрзува работите и сега завршуваат сите ваши страдања, кои ве доведоа до спиритуална трансформација. И покрај тешката реалност, се раѓа ново семе на победа и се здобивате со врвно знаење со жртвување.

ВОДОЛИЈА

Ќе биде добро ако најдете сила да се нурнете подлабоко во работите, со поголема грижа и свесност. Откако ќе го отстраните отпорот, тогаш ќе може конструктивно да работите. Тоа значи да ги исчистите и најтемните катчиња во себе и својата свесност. Барајте експерт сега.

РИБИ

Со ретроградниот Нептун во својот знак се чувствувате скоро замрзнато и не можете да мрднете. Обидете со се интелигенција и резон да ја сфатите вистината и правдата, како и она што ве спречува да напредувате. Отстранете го непотребното и направете место за новитети.