
Европратениците кои во писмо до Доналд Туск не нарекоа Северни Македонци, денеска се извинија и рекоа дека тоа било од незнаење.
Претседателот на Обединета македонска дијаспора, Методија Колоски, информираше дека вчера испратил пораки до 11-те европратеници што со писмо до претседателот на Европскиот совет побараа интеграција на Западен Балкан.
-Многу ми е жал, но на политичарите понекогаш им треба време за да научат. Македонците се Македонци, а не Северномакедонци. Нема да се повтори! Веќе е променето во официјалниот и-мејл до претседателот Туск, одговори на забелешките германскиот европарламентарец Кнут Флекенштајн.
Позитивен одговор бил добиен и од европратениците Тања Фајон од Словенија и Чарлс Танок од Велика Британија.
-„Lapsus lingvae“. Жалам за тоа. Забележано и поправено во писмото до претседателот на Советот на ЕУ“, напиша Фајон.