Германската компанија „ОДВ електрик“, од областа на автомобилската индустрија ќе стартува со работа во средината на месец мај во слободната економска зона Охрид-Струга.
Станува збор за инвестиција која првично ќе биде лоцирана во постоечки браунфилд објект каде ќе има 100 вработени, додека да се отпочне со изградбата на големиот капацитет од 10 илјади метри квадратни кој во наредните 4 години ќе вработи 1.000 луѓе. А втората компанија ќе обезбеди 800 вработувања.
„Фабриката ќе ја градат на 10 илјади метри квадратни во слободната економска зона Охрид-Струга, која веќе почна да се гради. Ќе инвестираат 15 милиони евра. Беа на повеќе места одбраа дестинација, а тоа е регионот Охрид-Струга. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени кои ќе одат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе“, изјави премиерот Груевски.
Во август ќе започне изградбата на индустриската развојна зона во близина на аеродромот Свети Апостол Павле.
Директор на „ОДВ електрик“, Лудвиг Батон, изјави дека произведуваат електрични инсталации за автомобили, како Порше, VW, Мерцедес, BМW и други, а нашите производи, подвлече, ги произведуваме за клиенти како што КСС, TRW, Бош итн.
Во Европа „ОДВ електрик“има три производствени капацитети и тоа во Германија, Унгарија и Украина. За дополнителен капацитет за проширување барале локации Молдавија, Белорусија, Србија,Бугарија, но се одлучиле за Македонија.
Причини зошто решивме да инвестираме во Македонија, истакна Батон, се квалификуваната работна сила, добрата индустриска традиција, искуството во индустријата, а друга причина беше одличната поддршка која што ја добивме преку организацијата тука и преку Виктор Мизо.
„Во декември минатата година се одржа автомобиска конференција во Берлин на која што се сретнавме со Виктор Мизо и така започна иницијативата да ја посетиме Македонија. Потоа присуствуваме на македонското роуд шоу во Штудгард и потоа ја посетивме Македонија во неколку прилики, посетувавме градови, инвеститори. Имавме овде состанок посебно во нашето седиште во Германија и сега сме повторно тука во Македонија“, изјави Батон.