Јавното сообраќајно претпријатие во наредните две години со дизел ќе се снабдува од „Пуцко Петрол”, компанија на градоначалникот на Пласница од ДУИ Исмаил Јаовски. Вредноста на овој тендер е 944 милиони денари или повеќе од 15,3 милиони евра.
На тендерот биле доставени две понуди, а со најниска цена се пријавила компанијата „Пуцко Петрол“ од Пласница.