Поплaвени патишта и објекти на вториот крак во Грција

Голем број плажи и улици во Грција се под вода, по обилните дождови што ја зафатија земјата.

На Халкидики најголеми се проблемите на Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти, соопшти противпожарната служба.

Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот, а водата однесе и возила.

Реката во Агиос Николаос се излеа од коритото, а  евакуиарни се гостите од хотелите Аша Марис кај местото Пиргадикиа и во хотелот Александрос.

Автомобилите претрпеа материјална штета. Во делот на Ситонија кај Неос Мармарас нема поголеми последици. Неколку продавници се поплавени на местото Ормос Панагиас, пренесуваат локалните медиуми.

Лошото време го погоди и селото Каналија, каде 30 куќи се поплавени, пренесе „Катимерини“, а повеќе локални патишта се под вода.

Во Керасија евакуирани се седум куќи. Поплавите ја погодија и Лариса, а заменик градоначалникот Василис Лециос изјави дека крајбрежните патишта се значително оштетени.