Меркел ги намали очекувањата пред самитот на ЕУ

© REUTERS / Christian Mang

Германската канцеларка Ангела Меркел во својот говор во Бундестагот во четвртокот пред нејзиното заминување на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека конечното решение на имигрантското прашање во рамките на Унијата сé уште не е на повидок.

„Сé уште не сме онаму каде што би сакале да бидеме“, изјави канцеларката Ангела Меркел во традиционалното обраќање пред германските парламентарци во Бундестагот пред самит на Европската унија.

Истакна притоа дека членките на ЕУ коишто „имаат волја за соработка“ ќе се обидат „со мали чекори“ да дојдат до решение.

„Прашањето на имиграцијата би можело да стане судбинското прашање на Европската унија“, истакна Меркел. Германската канцеларка објасни дека за пет од седумте точки за решавање на кризата постои начелна согласност. Решение уште не е најдено за воведувањето на единствен азилантски систем и механизам за солидарна распределба на барателите на азил по земјите членки на Европската унија.

Меркел се заложи за формирање на „коалиција на оние кои имаат волја“ во рамките на ЕУ којашто би била подготвена да го регулира азилантскиот систем. „Оние коишто бараат помош во Европа не може самите да избираат во која ЕУ земја ќе побараат азил. Тоа не оди“, рече.

Канцеларката натаму во својот говор укажа и на големите пропусти во Германија при постапката а протерување на оние на коишто им е одбиено барањето за азил или коишто преттаввуаат опасноста за граѓаните, како што беше случајот со Ирачанец кој е обвинет за убиството на 15-годишно девојче и неодамнешното апсење на телохранител на Осама бин Ладен, кој веќе со години живееше во Германија од државна помош но дури откако за тоа пишуваа медиумите.

„Кога еден ваков страшен случај, како убиството на Сузана, ќе се покаже дека предолго се одолговлекуваа со судскиот процес против обвинителиот, тогаш е тоа состојба не можеме и не смееме да го прифатиме“, рече Меркел.

Германската канцеларка се заложи и за потесна соработка со африканските земји од коишто барателите на азил и бегалци доаѓаат на европскиот континент. „Мораме да се шопгрижиме за издавање на повеќе работни и студентски визи за луѓето да не паѓаат во рацете на бескрупулозните криумчари со луѓе“, рече Меркел.

Таа уште еднаш пред пратеници ја бранеше својата одлука од почетокот на 2015 година наводно „на молба на Австрија и Унгарија“ да пропушти стотици илјади баратели на азил во Германија.

На внатрешнополитички палн Меркел се наоѓа под жесток притисок поради најавите на министерот за внатрешни работи и претседател на сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU), Хорст Зехофер, којашто со децении со нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) на сојузно ниво ја формира Унијата CDU/CSU. Зехофер, имено, најави дека од почетокот на јули ќе го затвори германските граници за оние баратели на азил и имигранти коишто претходно веќе се регистрирани во некоја од земјите членки на ЕУ.

Меркел го отфрли таквото „еднострано решение“ и бара конзенсус со партнерите од ЕУ додека истекува рокот кој ѝ го даде Зехофер, поради што може да дојде до раскол во Унијата CDU/CSU а во прашање е доведено и натамошното опстојување на ткн владејачка Голема коалиција меѓу конзервативците и социјалдемократите. Канцеларката има проблеми и во редовите на сопствената CDU, каде што младите сили уште во текот на преговорите за коалицирањето со социјалдемократите бараше Меркел да си замени од челната позиција и во владата и во партијата на половина од мандатот.

Хорст Зехофер беше единствениот министер кој не присуствуваше на говорот на канцеларката што го оправда со „интерни термини“.

Според истражувањето на јавното мнение на јавниот сервис ARD, дури 75 отсто од испитаниците го поддржуваат заедничкот ЕУ решение од имигрантската криза, односно опцијата за којашто се залага и германската канцелар. Меѓутоа, прашање е колку такво решение и навистина може да биде постигнато во Брисел.