Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Лино Червар е нов тренер на „ППД Загреб“ и по девет години поминати во Скопје го напушта „Металург“. За понеделник во Загреб е најавена прес-конференцијата на која ќе биде официјалното преставен новиот тренер.
Статусот на Червар во „Металург“, во кој дојде во 2009 година, беше „отворен“ откако минатата сезона поради селекторските обврски во Хрватска, клубот од Автокоманда го предводеше неговиот помошник Александар Јовиќ.
Червар претходно во два наврати го предводеше Загреб, во периодот од 2000 до 2002 и од 2004 до 2009. Како што е најавено во хрватските медиуми, тој паралелно ќе ги извршува двете функции – селектор на Хрватска и тренер на „ППД Загреб“.