Напаѓачот кој вчера упадна во редакцијата на дневниот весник „Капитал Газете“ во градот Анаполис, во Мериленд и убиен од пет лица е 38-годишниот Џарод Рамос.
Пред масакрот на редакцијата и биле упатени серија на закани преку социјалните мрежи, а како можен мотив за нападот е тужбата на Рамос против весникот за повреда на честа и угледот, која судот ја отфрлил уште во 2012 година. Убиецот на неговиот Твитер профил често објавувал пораки окму за весникот и неговите вработени.
Се започна во 2011 година откако во весникот излегла статија под наслов „Џарод сака да ти биде пријател” во кој е опишан случајот за кој се изјаснил за виновен на суд.
Рамос, имено се заканил на жена која со него одела во средното училиште. Тој со месеци и испраќал вулгарни меилови во кои вулгарно ја навредувал и и се заканувал дека ќе ја убие.
Во годините по објавувањето на статијата, Рамос поднесе тужба против весникот, новинарот кој ја напишал статијата, како и против жената која сведочела против него. Сите негови тужби биле отфрлени.
Во исто време со правната битка, Рамос новинарите на „Капитал “ почнал да ги напаѓа на Твитер. Тој пишувал дека би сакал да го види весникот пропаднат, но дека би му било помило двајца новинари „да престанат да дишат“. На една од твитовите тој го нападна Роб Хиасен, еден од новинарите кои ги уби.
Жената на која Рамос и се заканувал, по масакрот на локалната телевизија рекла дека пред неколку години предупредила поранешен полицаец за неговите намери.
Тој е заебан лудак и им кажав дека ќе стане масовен убиец, рече таа.
Полицијата синоќа го објави идентитетот на сите жртви – загинаа Венди Винтерс (65), Ребека Смит (34), Роберт Хиасен (59), Џералд Фишман (61) и Џон Мекнамара (56).
Откако влегла во зградата, полицајците го нашле Рамос под масата. Убиецот по апсењето одбил да соработува, а со оглед дека со него немал документи , а ги осакатил и прстите за да не можат да го утврдат идентитетот преку отпечатоци од прсти.