Овен
Не ги запоставувајте или одложувајте работните обврски, во спротивно ќе си создадете непотребни конфликти со надредените и колегите. Бидете самокритични. Не реагирајте автоматски на информациите кои ќе ги добиете за блиска личност, добро размислете. Во љубовта ослободете се од сомнежите преку разговор.
Бик
Имате премногу самодоверба, што може да ве донесе до сериозни конфликти. Научете да го сослушате и туѓото мислење, посебно во кругот на колегите. Прифатете ја поддршката која ви ја нуди семејството, не бидете егоисти. Во љубовта најважно е да не се обвинувате себеси, што и да се случува.
Близнаци
Денес не се жалете и сожалувајте, така ќе оставите лоша слика при новите познанства. На работното место потпрете се на логиката, не на емоциите и близината со колегите. На поле љубов следете ги природните инстинкти и подобро синхронизирајте го времето посветено на партнерот и пријателите.
Рак
Денес сте искрени и директни, но со тоа може да повредите блиски личности, па повеќе внимавајте на зборовите. На работното место поедноставете го распоредот, немате концентрација за комплицирани задачи. Не ги потиснувајте чувствата и страстите кои ги имате.
Лав
Денес умот ви е на триста страни, па добро би било да ги запишете важните состаноци и обврски за да не ги заборавите. На работното место не дозволувајте добрите шанси да ви се лизнат од раце заради страв. На поле љубов не молчете. Неискажаните емоции ќе ви направат проблеми подоцна.
Девица
Денес ќе сфатите дека надежта е голема движечка сила од која не смее да се откажете. Упорноста ќе ви се исплати во работата, а најефективни ќе бидете доколку ги следите инстинктите. Сослушајте ги љубовните совети, но не ги следете слепо. Двапати размислете пред да донесете заклучок.
Вага
Денес желбата да помогнете може да биде злоупотребена, затоа не верувајте секому. На работното место не дозволувајте ситниците да ве извадат од колосек. Гледајте ја поголемата слика. Љубовните компликации најлесно се решаваат преку разговор. Не претпоставувајте.
Скорпија
Емоциите денес ќе ви ја црпат целата енергија, па затоа подобро контролирајте ги, посебно на работното место. Доколку се најдете во дилема во работата, направете чекор наназад за да ја согледате реалноста. Не бидете пристрасни. Во љубовта крајно време е гласно да ги кажете сомнежите.
Стрелец
Групните активности и тимската работа денес се добри за вашето его. Не се изолирајте, потребни ви се луѓе кои ќе ви ги наполнат батериите. Среќата ве следи и на поле финансии, па правете мудри влогови и избори. Љубовта минува низ мирен период, па може да одморите од грижите.
Јарец
Потребен ви е мир и тишина за да си ги наполните батериите. Избегнувајте групни активности и собиранки со луѓе кои ви ја црпат енергијата. Направете подобар баланс меѓу работата и времето кое го посветувате на љубовта. Љубовните иницијативи ќе завршат со успех, не се плашете.
Водолија
Обидете се да бидете пооптимисти, песимизмот ви ја црпи енергијата. На работното место имајте поголемо почитување кон желбите на колегите, доколку не сакате затегнати односи. Не се плашете од нови љубовни експерименти. Исклучете ги сомнежите во самите себе.
Риби
Денес слободно изразете се и кажете го она што ви пречи, во спротивно расположението и здравјето ќе страдаат. На работното место што и да почнете, треба да имате верба во себе и своите можности. Во љубовта добро би било пообјективно да ги анализирате настаните за да сфатите каде грешите.