Очоа најмногу одбранил, Крос најдобар додавач

Според ФИФА, на 48 натпревари од првиот круг од Мундијалот во Русија биле постигнати 122 гола, или 2,5 погодоци по натпревар, само еден натправар заврши без голови, а сите репрезентации дадоа по најмалку два гола. Просекот на голови, ако остане ист до крајот на турнирот е понизок од Мундијалот во Бразил, кога имаше 2,7 гола по натпрвар, но поголем од Светското првенсто во Јужна Африка во 2010 година -2,3 погодоци по меч.

Во првата рунда од натпреварите судиите доделиле 158 жолти карони или во просек 3,4 по меч што е далеку поголем просек од казните на СП во Бразил кога имало 2,8 жолти картони за целиот турнир, но, пак, помал од првенството во 2010 кога просекот бил 3,8 опомени по натпревар.

Досега се покажани 3 црвени картони, или 0,06 по натпревар што е помалку од првенстввото во Бразил-0.2 и 0,3 во Јужна Африка. На 48 натпревари имало 36.349 додавања или 757,3 по натпревар, што е двојно повеќе од просекот во претходните две првенства, но реално дека бројот на додавања ќе се намали поради тоа што остануваат 16 натпревари за доигрување.

Најефикасна е Белгија со девет гола, Германците имале 252 напади, а Шпанците се најдобри додавачи со 2.089 додвања, додека најдобра одбрана имала Иран со 149 одбранбени потези.
Најмногу обиди за гол имал Нејмар-17, намногу претрчал Данецот Кристен Ериксен со 36 километри, Тони Крос од Германија имал 310 додавања, а најдобар голман е Гиљермо Очоа од Мексико со 17 одбрани.