Економскиот раст на оваа влада е 0.1% и веднаш струјата се намали индентично за неверојатни 0.1%

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во Фејсбук статус порача дека конечно оваа Влада има за што да се “пофали“, да не рече некој дека само била критикувана.

Денеска силно одекна новото намалување на струјата за цели 0.1%, но секако тоа се темели на економските ,,постигнувања,, на оваа влада, напиша Мисајловски на Фејсбук и продолжи:
Очигледно добиваме ист сооднос, економскиот раст на оваа влада е 0.1% и веднаш спиралата почна да врти и струјата се намали индентично за неверојатни 0.1% !!!, напиша тој на Фејсбук.

Тој и порача на власта да престане да си игра со интелигенцијата на граѓаните, како и дека веќе ништо не им поминува.