Протести во Индија поради брутално силување на осумгодишно девојче

Двајца мажи се уапсени поради брутално силување на осумгодишно девојче во централната индиска држава Мадја Прадеш.

Огромни протести се раширија по улиците на градот Мандсаур, чии жители бараат правда за жртвата. Девојчет се наоѓа во болница со сериозни повреди, вклучувајќи убодни рани.

Девојчето било грабнато пред училиште во вторникот, објави полицијата. Безбедносните камери го снимиле само мажот кој ѝ дал бомбони и потоа заминала со него. Била најдена онесвестена и облиена во крв, фрлена во грмушка во средата наутро.

Жителите и главниот министер на сојузната држава, Шивраџ Синг Чоухан, бараат смртни казни за силувачите. Чоухан изјави дека „ѕверовите што ќе извршат толку одвратни злосторства се товар на планетата и не заслужуваат да живеат“.

Државните адвокати одбиле да ги застапуваат обвинетите мажи на суд. Докторите соопштија дека девојчето е надвор од животна опасност, но дека ќе ѝ треба време за да ѝ се подобри состојбата.

https://www.youtube.com/watch?v=E7TMKBul2qA