Хезоња нов играч на „Њујорк Никс“

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња потпиша едногодишен договор со „Њујорк Никс“, вреден 6,5 милиони долари, пренесе ЕСПН.

Младиот бек по завршување на сезоната со „Орландо меџик“ стана неограничен слободен агент. Иако во претходните денови имаше шпекулации дека 23-годишниот кошаркар преговарал со други тимови, бидеќи сакал повеќегодишен договор, Хезоња утрово објави дека се договорил со тимот од Њујорк.

Многу сум возбуден што сум член на „Никс“ и ќе имам можност да работам со тренерот Фицдејл. Мојот сон се исполни, рече Хезоња.

Хрватот како 20-годишник беше избран за петти пик на драфтот во 2015 година, но за три сезони не се истакна многу во тимот на Флорида.

Тој во претходната сезона имаше просек од 9,6 коша и 3,7 скока на 75 натпревари.