Судот во Германија ја потврди претходната одлука за минимална висина за полициските службеници во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија.
На овој начин беше отфрлена жалбата на три жени кандидатки за полицајци, кои според оваа одлука се премногу ниски за да ги извршуваат полициските должности. Апелациониот суд објави дека е потврдено оти минималната висина за полицаец изнесува 163 сантиметри.
Пресудата на судот вели дека оваа висина им овозможува на полициските службеници да ги извршуваат сите задачи што бараат флексибилност и ефикасност.
Трите полицајки, кои се високи 161,5, 162 и 162,2 сантиметри, тврдат дека одлуката на судот е дискриминаторска, пренесува АП.
Висина од 163 сантиметри се однесува на двата пола.