Казинс добил корпа од „Лејкерс“, а одбил 40 милиони долари од „Пеликанс“

Новиот играч на „Голден Стејт“, Демаркус Казинс имал понуда од својот довчерашен клуб „Њу Орлеанс“ двегодишен договор вреден 40 милиони долари, а според „Њујорк Тајмс“, Казинс сакал да потише за „Лос Анџелес“, но „Лејкерс“ одбиле да потпиша со него.

Понудата за која пишуваше „Њујорк Тајмс” дошла на адресата на Казинс за време на неодамна завршената сезона во која тој имал сериозна повреда. Наместо тие 40 милиони долари тој ќе заработи нешто повеќе од пет милиони наредната година во „Голден Стејт“. Тој го оправда својот премин во редовите на актуелниот НБА шампион со тоа дека немал позначајни понуди од други тимови.

Казинс веројатно во моментот на одбивање на споменатиот договор очекувал да добие уште повеќе пари пред сезоната 2018/2019.

Истиот извор на “Њујорк тајмс” вели дека Казинс можеле да го потпишат и „Лејкерси“ и дека ток практично самиот се понудил. Сепак, овие контакти помеѓу Казинс и „Лејкерс“ постоеле пред потпишувањето на Леброн Џејмс за тимот од Лос Анџелес.