
Светскиот тениски рекет број два Србинот Новак Ѓоковиќ, по поразот во полуфиналето на мастерс турнирот во Монте Карло од Швајцарецот Роже Федерер, истакна дека ќе земе подолга пауза од терените.Тој откри дека подолго време влече повреда на зглобот на раката која воопшто не е наивна.
„Можно е подолго врме да не играм тенис. Не знам колку долго, но ќе се вратам кога ќе бидам подготвен. Добра вест е дека не треба да одам на операција но, ќе мора да направам нова магнетна резонанца, да видам дали има промени во однос на минатата седмица, кога последен пат бев на прегледи“, изјави Ѓоковиќ.
Србинот призна и дека не сакал да го предаде мечот против Федерер за да не биде погрешно разбран негов потег.