Губењето на тежината не секогаш ги исполнува ефектите на сонот на секоја жена да има витко тело, особено кога станува збор за делови од телото како што се бутовите, стомакот и задникот. Исхраната и вежбањето можат да помогнат да се ослободите од непотребните телесни масти, но често не даваат доволно ефекти.
За среќа, постојат начини за моделирање на вашето тело и ефикасно намалување на целулитот со помош на третмани на криолиполиза или ниска температура, што овозможува да се разрушат масните честички. Тоа е неинвазивна алтернатива на традиционалната липосукција.
Каков е овој метод и какви ефекти можат да сепостигнат со него?
Традиционалниот метод на отстранување на непотребни масти е липосукција. Оваа процедура се работи на пластична хирургија, при што маснотиите хируршки се отстрануваат од најпроблематичните места на телото. Овој процес се одвива под локална или тотална анестезија. Методот и количината на отстранети масти зависи од општата здравствена состојба на пациентот.
Криолиполиза е алтернатива на липосукција. Оваа постапка е целосно неинвазивна и безболна за пациентот и не бара употреба на анестезија. Масните клетки се многу чувствителни на ниски температури, што им овозможува да бидат неинвазивно отстранети без да се влијае врз други ткива.
Proshock Ice е уредот кој се користи за отстранување на несаканите масти во центрите на Promoitalia. При својата работа, го користи феноменот на криополизата, што овозможува да се создаде безболно обликување на телото, отстранување на целулитот и вишокот на маснотии од места каде што е тешко да се отстранат со методи како диета или редовна вежба.
Постапката е безболна и сосем безбедена. Третманот е еден од најефикасните методи за елиминирање на масти дури до 25% за само еден третман. Бројот на задоволните клиенти се движи од 70 до 90%.
Ова е вашиот идеален третман доколку сите досегашни диети, вежби и други обиди да се ослободите од здодевните масти кои се наталожени на сите критични места биле залудни и со ништо не успевате да ги намалите масните наслаги.
Станува збор за ладна метода: Cryo – мраз, липолиза – хемиски дефект на масните клетки. Мастите локално се ладат на прецизно утврдена температура, од 5 до -5 Целзиусови степени, благодарение на која мастите се распаѓаат. (поставена од страна на терапевтот), во период од 40 до 60 минути. Во текот на третманот масните клетки се кристализираат и се распаѓаат. Во поткожното масно ткиво клетките умираат од хипотермија, а истите потоа се исфрлаат преку лимфниот систем во период од 3 до 8 недели. Со секој третман се отстранува 25% од локалното масно ткиво.
Хипотермната стимулација го забрзува движењето на метаболизмот на кожното ткиво и на тој начин создава високо еластичен колаген. Во овој процес се создаваат посебни предаватали кои паралелно предизвикуваат лачење и истовремено ладење, со што го релаксираат нервниот систем и мускулите. Резултатите се мазна и затегната кожа. Криолиполизата не ги отстранува телесните течности кои му се потребни на организмот, туку единствено вишокот на масти во пределот на стомакот, половината, грбот и бутините.
Третманот започнува така што се определуваат региите кои треба да се третираат.Во еден третман може да се третираат една до две критични регии. На пример долниот дел на стомакот, горниот дел на стомакот или бутините (секоја нога одделно), колковите, грбот, рацете, колената, листовите на нозете и сл.
На регијата со вишокот на масти се поставува апаратот од вакуум апликатор помеѓу две метални плочи кои ја ладат третираната област.
Пред терапија кожата е заштитена со специјална мембрана со антифризи. Таа се користи задолжително, за да не дојде до едем на ткивото. Не постои опасност за околните ткива во текот на третманот. Масните клетки се исклучително чувствителни на студ па на регијата која се лади апаратот ги замрзнува односно делува само на нив. Вакум апликаторот предизвикува зголемување на протокот на крв во регијата, па така не се чувствува ладењето на телото. Методот е сосема безболен.
Благото отекување и црвенило, кои се појавуваат за време на третманот, исчезнуваат во рок од неколку часа. На иста регија постапката може да се повтори после третата недела. Но, на други регии може да се прават третмани во ист временски период.
Резултатите ќе бидат поголеми доколку терапијата се комбинира со другите техники, како што се радио-фреквенција, лимфна дренажа, вакум кавитација, масажи и друго.
Експертите од Anti Aging Центарот на Promoitalia укажуваат дека Proshock Ice дава најдобри резултати во случај на:
*отстранување на вишокот на масти од места кои тешко се моделираат: бутовите, абдоменот, задникот, рацете
*намалување на целулито
*зацврстување на фигурата
*слабеење, намалување на обемот.
Предности на отстранување на маснотиите со помош на криолиполиза:
*постапката не е инвазивна
* по постапката можете брзо да се вратите на секојдневните обврски и активности
*не е потребно закрепнување
*отстранувањето на непотребните масти со Proshock Ice е безболно и не предизвикува непријатност
*не е потребна анестезија
*методата е безбедена – ладењето на кожата не влијае на ткивата, дејствувајќи само на масните клетки
*по околу две недели, крајните резултати се видливи
*речиси целосна редукција на непотребните масти во областа подложена на третманот
Контраиндикации за Proshock Ice:
-нарушувања во згрутчувањето на крвта
-хепатална и ренална инсуфициенција
-вметнати пејсмејкер или метални импланти
-бременост и период на доење
-активни акутни инфекции
-воспаление, рани на кожата
-болести како што се: Raynaud-ова болест, криоглобулинемија, хемоглобинурија.
Благодарение на употребата на феноменот на криолиполиза, можно е ефикасно и неинвазивно да се отстрани локалната прекумерна тежина, можно е да се изгуби до 15 мм масно ткиво.
Во Скопје, третманите со употреба на Proshock Ice се изведуваат во Anti Aging Center by Promoitalia.
СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ: