Денеска од 9 часот изутринава до пладнево револтираните производители на лубеници од апренот откуп на нивното производство, го блокираа регионалниот пат за Струмица кај клучката кај Смоларе, револтитаните незадоволни од откупот на бостан.
Цената падна под 3 денари за килограм, а земјоделците велат дека откупната цена не ги покрива ниту основните трошоци.
Тие особено се жалат и на игнорантскиот однос на Владата и Министерството за земјоделие кое не ги помага во решавањето на проблемот со откупот.
„Претсавуваат лажна слика, додека ние ќе го фрлиме бостанот бидејќи не се исплати да го даваме без пари. Имаме министер кој не знае ниту З од земјоделие“, вели 45-годишниот Трајко Митрески,производител на бостан од дтрумичко.
„Мораме да блокираме, маката не тера, мора да се сврти вниманието за нашиот проблем бидејќи владата не игнорира“, вели Трајко Терзиевски од Струмица.
Министерството за земјоделие и министерот Николовски засега се на ставот дека нема посериозни проблеми со откупот на бостан и дека ја следат ситуацијата на дневна основа.
Производители на лубеници од неколку села од подбеласичкиот регион денеска со двочасовна блокада на клучката за селото Смоларе, на магистралниот пат Ново Село – македонскобугарска граница, го искажаа својот револт од ниските откупни цени. Тие бараат средба со министерот за земјоделество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и повисоки откупни цени. Велат дека има откуп, но цената е многу ниска